Во текот на вчерашниот ден, околу 15:45 часот, во Транзитниот центар Табановце во Куманово избувна пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи, соопшти полицијата.
Повредени лица нема, а пожарот беше брзо изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.
Се изврши увид од увидна екипа на СВР Куманово за утврдување на причините за настанатиот пожар.







