Доколку Европската унија се распадне, европските земји би можеле да се соочат со нови војни директно на своја територија, оценува пензионираниот офицер на американската морнаричка разузнавачка служба и воен аналитичар Скот Ритер.
– Кога Европа ќе се распадне, а тоа е неизбежно, ќе бидеме сведоци на нови војни на нејзина почва. Ќе бидат тоа ужаси споредливи со уништувањата и загубите кои денес ги гледаме во Украина – изјави Ритер за „Дјајалог воркс“.
Според него, Русија нема интерес од вакво сценарио, туку напротив – Москва се стреми кон стабилност.
– Идејата дека Русија би славела распад на Европа или НАТО е апсурдна. Русија избира предвидливост и ред. Но денес гледаме само хаос и неизвесност – додаде поранешниот разузнавач.
Министерството за надворешни работи на Русија повтори дека секој обид за распоредување на сили на НАТО во Украина е целосно неприфатлив и дека би довел до остри ескалации.
Изјавите за можноста да се испратат воени контингенти од западноевропски земји во Украина, а кои доаѓаат од Велика Британија и други престолнини, Москва ги оцени како поттикнување на продолжување на воените дејствија.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, нагласи дека ниту еден европски лидер досега не го поставил прашањето за безбедноста на Русија, додавајќи дека е неприфатливо Москва да биде исклучена од разговорите за гаранциите за Украина.






