Русија остро реагираше на одлуката на Велика Британија, Франција и Германија да воведат нови ограничувања против Иран поради неговото непочитување на нуклеарниот договор од 2015 година.
– Силно ги повикуваме да ги преиспитаат своите погрешни одлуки пред да предизвикаат несогледливи последици и нови трагедии – соопшти руското Министерство за надворешни работи, обвинувајќи го европскиот трио за поткопување на дипломатските напори за мирно решение на иранската нуклеарна криза.
Париз, Лондон и Берлин официјално го активираа таканаречениот „snapback“ механизам, кој отвора пат за повторно воведување на сите санкции укинати со договорот, давајќи рок од 30 дена.
Иран предупреди дека ќе одговори соодветно, истакнувајќи дека потегот може да стави крај на најдолготрајниот дипломатски процес за решавање на спорот.
Москва, која е дел од Здружениот сеопфатен акциски план (JCPOA), останува еден од главните сојузници на Техеран, со кого последната деценија ги зајакнува политичките, воените и економските врски, особено по почетокот на војната во Украина.







