Ким Кеон Хи, сопруга на соборениот поранешен претседател Јун Сук Јол, е обвинета за примање мито и други кривични дела, соопшти во петокот специјалното обвинителство. И двајцата се наоѓаат во притвор, а Јун веќе се соочува со судење поради обид за воведување военa состојба и обвинувања за бунт по неговата смена во април.
Обвинителството ја товари Ким за повеќе прекршоци – од манипулации со акции меѓу 2010 и 2012 година, со кои незаконски стекнала околу 810 милиони вона (приближно 580 илјади долари), до примање мито од 80 милиони вона во луксузни подароци, меѓу кои и „Шанел“ чанти и дијамантска огрлица.
Ким преку своите адвокати ги негира обвинувањата, иако во јавна изјава се извини за предизвиканата загриженост и најави дека ќе се соочи со судењето без оправдувања.
Случајот дополнително го продлабочува политичкиот скандал што ја потресе Јужна Кореја по падот на некогаш моќниот претседателски пар.







