На 28.08.2025 во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 24.08.2025 со употреба на сила влегол во црквата „Св. Троица“ во с.Љубодраг, кумановско и одзел пари, додека на 28.08.2025 од црквата „Св. Петка“ во населбата Бедиње во Куманово, со употреба на сила се обидел да одземе пари од касата. Н.А. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






