На автопатот Тетово–Скопје, во близина на Карпалак, избувна пожар во патничко возило, информираат од надлежните служби.
Според првичните информации, возилото било целосно зафатено од огнот, но засега нема информации за повредени лица. Екипи на противпожарната служба интервенирале на лице место и го изгаснале пожарот.
Полицијата извршила обезбедување на местото на настанот и сообраќајот во делот каде што се случил инцидентот се одвива со ограничувања додека трае расчистувањето. Причините за пожарот се во тек на утврдување.







