Лидерот на Народна Република Кина, Си Џинпинг и испраќа на Србија уште 500 000 дози вакцини, пишува српскиот портал „Новости“.
Ваков договор, кинескиот лидер постигнал со неговиот српски колега Александар Вучиќ, а, како што пишува „Новости“, куриозитет е што вакцината ќе биде испорачана на 5 март кога е и роденденот на српскиот претседател.
„Тоа не треба да изненадува бидејќи Кинезите водат сметка за сите детали, па и оние кои не можат да се вбројат во секојдневните дипломатски разговори“, пишуват од медиумот.







