Готвењето и креативноста во кујната нема граници, ниту пак познава години или пак пол. Ангела е девојче од Скопје кое има само шест години, а веќе полека, но сигурно влегува во водите на кулинарството. Таа веќе има свој YouTube канал, каде споделува видеа додека прави разни јадења, секако со помош на својата мајка – пишува порталот Скопје инфо.

Нејзината мајка Јулијана, за Скопје Инфо, ја споделува приказната на Ангела и како оваа девојче се снаоѓа добро во кујната уште од најраното детство.
Како започна приказната на Ангела и љубовта за готвењето?
Ангела уште од 4год.возраст самоиницијативно сакаше да учевствува во спремањето на нашите оброци и да поминува време во кујната. Тоа го правеше со големо задоволство и јас секако и дозволував,бидејќи сметам дека со тоа ќе стекне доста животни вештини, ке развие чувство на самодоверба и креативност, ќе научи повеќе за правилната и здрава исхрана, а и ќе се релаксира. На таа возраст се разбира правеше некои поедноставни работи како на пример мачкање на кифличките со јајце, валкање на бомбици во кокос, потопување на бисквити во млеко за некоја торта, вадење форми за колачиња со калапчиња и слично, а сега на нејзини 6 год. веќе знае и сама да работи со тесто, да сечка, да скрши јајце, да филува мафини и сл.
Сама знае да си подготви некој поедноставен сендвич, да си спреми млеко со житарки, овошна салата.
Што најмногу сака да готви, кои и се омилени рецепти?
Најинтересни за подготовката и се палачинките, мафините и се она што може да се украсува, користиме разновидно овошје , парчиња чоколадо, декорираме со слатка павлака, украсни цветчиња, срценца, или филуваме со шлаг крема во разни бои и сето тоа и е забавно и примамливо.
Повеќе во линкот од Скопје инфо







