Едно лице загина, а три се повредени денеска во експлозија предизвикана од плинска боца во продавницата Детски Мир во Москва, јави ДПА.
Експлозијата се случила на третиот кат од повеќекатната стоковна куќа во центарот на градот, а првичната истрага укажува на истекување на гас како причина, објави државната агенција ТАСС.
Зградата веднаш била евакуирана, а властите започнале кривична истрага, без да се наведува конкретен осомничен.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, посочи дека експлозијата најверојатно се должи на технички дефект. Засега нема информации кои би укажувале на врска со тековната војна во Украина.







