Синоќа на улица „Народна Револуција“ во Куманово избувна голем пожар кој од сува трева се проширил и зафатил плац на кој биле паркирани повеќе возила во сопственост на приватни фирми.
Според информациите на МВР, во огнената стихија целосно изгореле автомобили, камиони, комбиња, минибуси и автобуси – меѓу кои „Форд мондео“, „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, минибус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возила.
За среќа, повредени лица нема, но материјалната штета е значителна. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово, а надлежните органи работат на утврдување на причините за неговото избувнување.







