Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоија демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), кои добија 28,5% од поддршката и 197 места во Бундестагот, објави „Билд“.
Најголемото изненадување на изборите е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на Алис Вајдел, која освои 20,5% од гласовите и дури 141 место – историски успех за оваа партија.
Социјалдемократите на Олаф Шолц доживеаја тежок пораз, освојувајќи само 16,5% од гласовите и 114 пратенички места. Зелените добија 11,9% и 83 места, додека Левицата освои 8,7% и 60 мандати.
Партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет едвај го помина цензусот со 5,0% и 34 пратенички места. Слободната демократска партија (ФДП) потона со само 4,5%, што значи дека нема да влезе во парламентот.
Политичкиот пејзаж на Германија е целосно променет – што ќе значи ова за иднината на земјата?






