Околу 1.700 припадници на Националната гарда се мобилизирани во 19 американски држави за поддршка на Службата за имиграција и царина (ICE) и Министерството за внатрешна безбедност, објави „Фокс њуз“. Потегот е дел од политиката на претседателот Доналд Трамп за користење федерални сили против криминал и нелегална имиграција, откако претходно распореди гарда во Вашингтон.
Мобилизацијата ќе трае од август до средината на ноември, при што Тексас ќе има најголемо присуство поради близината до границата. Гардијанците ќе даваат логистичка, транспортна и административна поддршка, ќе помагаат во кризни ситуации и ќе собираат податоци од лица во притвор на ICE.
Гарда е активирана во: Алабама, Арканзас, Флорида, Џорџија, Ајдахо, Индијана, Ајова, Луизијана, Небраска, Невада, Ново Мексико, Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Вирџинија и Вајоминг.
Секретарот за одбрана Пит Хегсет дозволи војниците во Вашингтон да носат оружје и да извршуваат полициски задачи. Трамп најави дека Чикаго и Њујорк може да бидат следни, а исто така планира и федерализација на полицијата во главниот град, потенцирајќи дека потезите имаат широка поддршка од граѓаните.






