Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гледа „светло на крајот од тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, по самитот што минатата недела се одржа на Алјаска.
„Со доаѓањето на претседателот Доналд Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. А сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин за време на посетата на Центарот за нуклеарни истражувања.
Тој нагласи дека следните чекори зависат од американското раководство, но изрази увереност дека лидерските квалитети на Трамп се „добра гаранција за обновување на односите“.






