Утре не очекува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Утринските температури ќе се движат околу 4°C во Берово, додека дневните ќе достигнат до 30°C во Скопје и Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер од југозападен правец.

Во понеделник попладне се очекуваат услови за локална нестабилност. Од вторник започнува период на променливо облачно и нестабилно време, проследено со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер. На одредени места постои можност за појава на невреме. Температурите ќе бидат во постепен благ пад.







