САД ги подигнаа борбените авиони откако во близина на Аљаска беше забележан руски разузнавачки и надзорен авион.
Според NORAD, во четврток беа испратени Е-3, два Ф-16 и еден танкер КЦ-135 за да го пресретнат рускиот IL-20 COOT кој леташе во идентификациската зона за противвоздушна одбрана на Аљаска (ADIZ).
NORAD истакна дека рускиот авион не влегол во американски или канадски суверен воздушен простор и дека ваквите активности редовно се случуваат и не се сметаат за закана.
„Користиме повеќеслојна одбранбена мрежа од сателити, земјени и воздушни радари и борбени авиони за откривање и следење на авионите и информирање за соодветни акции. NORAD е и натаму подготвен да користи низа опции за одговор во одбрана на Северна Америка“, се наведува во соопштението.






