Русија во следните години ќе мора да го засили и надгради својот нуклеарен штит, изјави директорот на руската државна корпорација „Росатом“, Алексеј Лихачов, пренесе агенцијата РИА Новости.
„Во сегашната геополитичка ситуација се соочуваме со колосални закани по опстанокот на нашата земја. Затоа нуклеарниот штит е гарант на нашиот суверенитет“, истакна Лихачов.
Тој додаде дека „нуклеарниот арсенал мора постојано да се подобрува во годините што доаѓаат“.





