Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс изјави дека Европа мора да ја преземе водечката улога во обезбедувањето на Украина, додека САД ќе продолжат да даваат поддршка, но без да го носат целиот товар.
„Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Треба да помогнеме во запирањето на војната и убиствата, но Европа мора да одигра водечка улога. Без разлика на формата, Европејците ќе треба да го понесат лавовскиот дел од товарот“, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“.







