Зеленски: Нападите ја потврдуваат неопходноста од посилен притисок врз Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите руски напади уште еднаш ја нагласуваат потребата од засилен меѓународен притисок врз Москва, преку дополнителни санкции и царини, сè додека не се постигнат јасни дипломатски резултати.
„Им се заблагодарувам на сите партнери што придонесуваат за запирање на оваа руска војна“, напиша Зеленски на платформата X.
Тој истакна дека Украина секојдневно работи заедно со САД, европските држави и другите сојузници за зајакнување на националната и регионалната безбедност.






