Берзанските индекси S&P 500 и Nasdaq вчера забележаа пад, главно поради поевтинување на акциите во технолошкиот сектор и кај големите производители на чипови, пред состанокот на централните банкари во Џексон Хоул. Акциите на Nvidia изгубија околу 3,5% од вредноста, а кај останатите компании падот се движеше меѓу 3,6% и 5,5%.
Дау Џонс порасна за 0,02% на 44.922 поени, додека S&P 500 се намали за 0,59% на 6.411, а Nasdaq падна за 1,46% на 21.314 поени.
Инвеститорите оваа недела ќе бидат насочени кон состанокот во Џексон Хоул (21–23 август), каде претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, ќе говори за економијата и монетарната политика.
Цените на акциите нагло растеа последните недели поради надежите дека Федералните резерви ќе ја намалат каматната стапка за 0,25 процентни поени во септември, со можност за уште едно намалување до крајот на годината, особено по новите податоци за слабеење на пазарот на труд.
На европските берзи вчера имаше раст: лондонскиот FTSE порасна за 0,34%, франкфуртскиот DAX за 0,45%, а парискиот CAC за 1,21%.






