Во СВР Тетово синоќа околу 20:30 часот било пријавено дека во еден забавен парк во градот дошло до инцидент, во кој малолетник бил физички нападнат.
Пријавата ја поднела 58-годишна жена од тетовското село Требош, која изјавила дека нејзиниот внук бил нападнат од лице кое се смета за одговорно во паркот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу нападот.






