Синоќа околу полноќ, полицијата во Ресен уапси 30-годишен охриѓанец, А.И., кој по семејна расправија во домот во Охрид со запаливо средство го запалил мопедот на својот 57-годишен татко.
Откако го извршил делото, тој избегал кон Ресен, каде бил пронајден и лишен од слобода. Лицето е задржано во полициската станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава според член 288 од Кривичниот законик.







