Макрон: Украина мора да има силна армија во секое мировно решение
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека идното мировно решение со Русија мора да предвиди силна украинска армија, способна да одврати и спречи нови агресии.
„Гаранциите за безбедност подразбираат Украина да има армија без ограничувања во бројност, капацитети и вооружување, армија што ќе може да одговори на секој напад,“ нагласи Макрон по средбата во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски и други европски претставници.
Тој додаде дека за време на разговорите не била разгледувана можноста за територијални отстапки од страна на Украина.






