На 18.08.2025 околу 22:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.О.(36) од Романија. При гранична проверка и преглед на патничко возило „бмв“ со романска национална ознака, кое А.О. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






