Медведев: Европа не успеа да го надмудри Трамп, неизвесно е како ќе се постави Зеленски
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев оцени дека европските лидери не успеале да го надмудрат американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи сомнеж како украинскиот лидер Володимир Зеленски ќе се однесува во врска со прашањата за териториите и безбедносните гаранции.
„Антируската ратоборна ‘Коалиција на подготвените’ не успеа да го надмудри претседателот на САД на негов терен. Европа му се заблагодаруваше и му се додворуваше“, напиша Медведев на платформата „X“.
Тој додаде дека клучното прашање сега е „која мелодија ќе ја свири Зеленски за гаранциите и териториите дома, кога повторно ќе ја облече зелената униформа“.
Изјавата доаѓа по ветувањето на Трамп дека САД ќе помогнат во обезбедување безбедносни гаранции за Украина во рамките на можен мировен договор, иако конкретните детали за таа поддршка засега остануваат непознати.






