Сенаторот Марко Рубио, кој учествуваше на самитот заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека и Украина и Русија бараат работи што не можат да ги добијат, и дека двете страни ќе мора да направат отстапки за да се постигне мировен договор.
„Двете страни сакаат работи што нема да можат да ги добијат“, рече Рубио, додавајќи дека можеби дури и САД нема да можат да создадат сценарио кое би ја завршило војната во Украина.
Тој истакна дека преговорите мора да вклучуваат безбедносни гаранции за Украина, што го смета за клучен елемент на секој можно решение. Рубио додаде дека американската администрација забележала доволен напредок за да го оправда продолжувањето на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски.







