Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во пукање што се случи во ноќниот клуб „Tastes of the City Bar“ во Бруклин, Њујорк, соопшти денеска полицијата.
Полициската комесарка на Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција изјави дека жртви се тројца мажи, на возраст од 27 и 35 години, додека возрастa на третата жртва не е објавена. Имињата на загинатите не се соопштени.
Осум лица повредени во инцидентот беа итно префрлени во блиските болници. Пукањето се случило околу 3:27 часот утринава. До сега не се идентификувани осомничени и не се извршени апсења.
На местото на настанот, на адресата Франклин Авенија 903, биле пронајдени 36 чаури. Полициската комесарка Тиш го опиша инцидентот како „ужасен“, но истакна дека вакви случаи се аномалија во услови на општ пад на статистиката за криминал во Њујорк.






