Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека во наредните денови Русија може да го засили притисокот и нападите врз Украина со цел да создаде поповолни услови за преговори со меѓународните фактори.
Во објава на социјалните мрежи, тој истакна дека украинските служби внимателно го документираат движењето на руските сили и дека, „доколку е потребно, ќе возвратат“. „На Украина ѝ се потребни силни позиции и опиплив отпор кон непријателот“, нагласи Зеленски.
Истовремено, синоќа во Алјаска се одржа средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Разговорите траеја три часа, без договор за прекин на огнот, но двајцата изразија подготвеност конфликтот да заврши и оценија дека се движат во добра насока.







