Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

21% од европските мали хидроцентрали се во заштитени зони

by
2025-08-15
in Uncategorized

Замислете си една алпска падина по која тече река, а подолу на брегот, стои информациска табла на која пишува дека водата ја користи мала хидроцентрала, ја позајмува и враќа назад. Ова е многу реална ситуација ако се земе предвид дека околу 6409 мали хидроцентрали или 21 отсто од над 21 илјади хидроцентрали во Европа се наоѓаат во заштитени зони. Овие хидроцентрали работат под строги правила кои овозможуваат заштита на живорната средина и животот во реките. На пример кога протокот на вода во користото ќе падне под биолошкиот минимум, турбините застануваат. Токму оваа слика разоткрива една значајна причина зошто ЕУ има позитивен став кон изградбата на малите хидроцентрали.

Најголем број од овие мали хидроцентрали (МХЕ) се наоѓаат на потег од националните паркови во Алпите до „Натура 2000“ регионите во Скандинавија. Овие зони важат за биодиверзитетни „жешки точки“, а искористувањето на хидропотенцијалот во нив покажува дека технологијата и природата можат да коегзистираат, ако правилата се јасни и има соодветна контрола.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

 

Одличен пример за илустрација на различниот пристап кон производството на енергија, која е неопходна за современото живеење, се едукативните патеки за деца покрај малите хидроцентрали во Швајцарија. Тука малите хидроцентрали се претворени во еден вид на „училници на отворено“ каде децата учат за коегзистенција на производствените капацитети за енергија со заштитата на животната средина. На пример покрај реката Тур во Швајцарија, меѓу Ебнат и Тремпел, на пешачката патека покрај реката и хидроцентралата се поставени десетина информативни табли, кои им објаснуваат на децата како водата се „позајмува“ и враќа во коритото, што е еко-проток и како функционираат рибните премини. Слична е сликата и кај хидроцентралата Руполдинген на реката Ааре, каде операторот организира посети со едукативни цели, а има и панели со мерни сензори и информации за безбедност покрај водата. Патеките се поставени на мостови, видиковци и пристапи до реката, а содржината е наменета за школски групи. При посетата им задаваат и задачи за децата за намалување на домашната потрошувачка, прават мини-експерименти со турбини, квизови и акции за чистење на бреговите. Така, МХЕ во заштитени подрачја стануваат алатка за едукација со која децата учат истовремено да ја користат енергијата одговорно и да ја чуваат природата.

Евро-зум: МХЕ во заштитени зони само кога се „слуша“ и реката

Изградбата на модерните run‑of‑river централи, овозможува да се користи минимален зафат и водата веднаш да се врати коритото. Тоа овозможува постојан еко‑проток.Ваквиот пристап овозможи во Австрија повеќе од 40% од МХЕ да се наоѓаат во национални паркови, каде инвеститорите мораат да обезбедат и автоматски сензори за ниво на кислород, температура и миграција на риби. Овие податоци се поврзани со јавната база на податоци. Автрија има над 4.000 мали хидроцентрали, како дел од националната мрежа на поттикнување на обновливи извори, и сите се уловени да го запазат минимален еколошки проток.

Слична е состојбата и во Швајцарија каде ревизорски тимови еднаш годишно ги калибрираат мерните уреди во малите хидроцентрали. Ако протокот падне под биолошкиот минимум, турбините автоматски се гасат.Повеќе од 1.400 мали хидроцентрали произведуваат околу 3.7 TWh годишно, што е околу 10 отсто од швајцарската хидро-производство, со строги услови за остаточен протек и рибна миграција.

Норвешка наликува на еропски рај за малите проекти и во 2025 година на нејзината територија под строго регулирани правила работат 1.451 мали хидроцентрали. Хидропотенцијалот се искористува и во Германија, Франција и Шпанија, но со многу регулација за работењето на хидроцентралите.

„Мали хидроцентрали, да или не?“ – е погрешно прашање

Кај нас дебатата за МХЕ често е оптоварена со недоверба. Погрешно се поставува прашањето каде одговорот е „да“ или „не“. Туѓите искуства покажуваат дека правилното прашање би било „како“ – со дефинирана рамка, еколошки проток и јавен мониторинг, со што ќе се сведат и ризиците на минимум.

Конкретно за Македонија неискористениот воден потенцијал може да помогне значајно да се намали увозот на електрична енергија. Според истражувања на медиумот Bloomberg Adria, во првите шест месеци од 2025 година увозот на струја бележи значителен раст. Поради намалено домашно производство за 6,95% во однос на истиот период лани, во периодот од јануари до јуни државата потрошила над 194 милиони евра за увоз на струја. Сума која е многу блиску во 200 милиони евра, колку што потроши за цела 2023 година. Лани целиот увозот изнесуваше 260 милиони евра.

Може да се ичекува дека увозната струја ќе продолжи да расте, бидејќи е намалено и производството на евтината енергија од нуклеарните централи. Високите жешки бранови, влијаат на ладењето на нуклеарните централи и поради опасноста од инциденти, операторите ги исклучуваат. Студиите покажуваат дека прекините предизвикани од временски услови за периодот 2010–2019 се за трипати повеќе отколку во периодот 1990–2009.

Поентата е јасна, климатската нестабилност ѝ ја одзема на Европа удобноста на предвидливо произведената електричната енергија. Токму затоа, секој киловат-час што можеме да го произведеме паметно и под јасни еко-правила дома, вклучително и од мали хидроцентрали со јавен мониторинг и строг еко-проток, вреди двојно: и за сметката, и за сигурноста со снабдувањето.

Previous Post

Украински напад со дрон во Курск – една жртва и десет повредени

Next Post

Состојба со пожарите во Македонија – 15 август 2025

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Осум пожари на територија на Република Македонија, четири од нив се уште активни

Состојба со пожарите во Македонија – 15 август 2025

Recommended

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

4 months ago

Заверил 246 ЛАЖНИ ЖИВЕАЛИШТА НА МАКЕДОНЦИ – Признал вина поранешниот градоначалник на општина кај Благоевград

12 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.