Gmail предупредува: Внимавајте на нова AI закана
Google издаде предупредување до своите 1,8 милијарди корисници за нова вид закана која користи вештачка интелигенција за крадење податоци без интеракција од корисникот. Новата метода, наречена „индиректни промптови“, манипулира со генеративни AI алати вградени во Gmail или екстензии на прелистувачи, кои можат да пренесуваат е-пораки, календари или други лични информации без ваше знаење.
Нападот се случува преку наизглед безопасни документи или датотеки кои AI ги скенира автоматски. Скриен промпт ги „залажува“ AI системите да дејствуваат злонамерно, пренесувајќи податоци на надворешни сервери или копирајќи чувствителни информации. Корисниците често нема да знаат дека се случило нешто.
Google предупредува дека заканата е опасна бидејќи:
Не е потребна интеракција од корисникот.
Не е вклучен малвер; AI сам извршува задачи.
Акциите можат да бидат невидливи во логовите на активност.
Совети за заштита:
Бидете внимателни со споделени документи и календари од непознати контакти.
Избегнувајте екстензии и додатоци кои интегрираат AI ако не сте сигурни во изворот.
Исклучете непотребни AI функции во Gmail и Docs.
Редовно проверувајте дозволи и активности на Google профилот.
Практикувајте двофакторска автентикација и користете силни, уникатни лозинки.






