Пожарите во Црна Гора продолжуваат, а синоќа беа критични во Пипери, Кучи, Мрке и Петровиќи. Голем пожар изби и во населбите Диноша и Омербожовиќ во Тузи. Во текот на ноќта, спасувачите ги бранеа куќите и црквата во Пипери, како и зградите во другите населби. Властите соопштија дека пожарите сè уште се активни, но се под контрола.
Поради ситуацијата, Подгорица е под чад, а Институтот за јавно здравје апелира на претпазливост бидејќи воздухот е загаден. Бесплатни заштитни маски можат да се добијат од државните аптеки.
„Кога излегуваме, воздухот е густ и мириса на изгорено. Воздухот пече во очите, па сме во климатизирани простории, излегуваме само на работа или во продавница. Не се жалиме, бидејќи пожарникарите се на терен и секојдневно се борат со огнот“, изјави Тања Бакиќ од Подгорица за РИНА.
Во гаснењето на пожарите денес ќе учествуваат хеликоптери и возила од Босна и Херцеговина, Србија, Австрија и Швајцарија.
Денес е прогласен Ден на жалост во Црна Гора по трагичната смрт на помладиот водник на Војската на Црна Гора, Дејан Божовиќ од Даниловград, кој загина кога се преврте воена цистерна при гаснење на пожарот.






