Состојба со пожари во Македонија – 14 август 2025
Според Центарот за управување со кризи, до 12:00 часот на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор. Од нив, 8 се активни, а 11 се изгаснати.
Активните пожари се регистрирани во општините Македонски Брод, Струга, Прилеп, Чешиново, Јегуновце и Сопиште, а главно се со ниска или мешана вегетација и пасишта.
Изгаснатите пожари се пријавени во општините Демир Хисар, Струга, Делчево, Куманово, Старо Нагоричане, Сарај, Арачиново, Желино, Тетово и Гостивар.
Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание при боравок во природа и на почитување на мерките за заштита од пожари.







