Тринаесет деца и еден возрасен се повредени откако ролеркостер излета од шините во забавниот парк „Кони Бич“ во Порткол, Велс. Несреќата се случила вчера околу 17:50 часот, кога атракцијата „Ваки Ворм“ излетала од шините, јави британскиот таблоид „Сан“.
Службите за итни случаи веднаш пристигнале на местото, а снимки од социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од вагоните. Сведоци изјавиле дека некои од повредените имале крв, а еден од вагоните останал да виси во воздух надвор од шините.
Полицијата потврди дека повредите се полесни, но на дел од децата им е потребна болничка нега. Забавниот парк ќе остане затворен додека трае истрагата на полицијата и инспекторите за здравје и безбедност.






