Маж од Кина призна вина пред окружниот суд во САД за криумчарење голем број желки кон Хонг Конг, соопшти Министерството за правда на САД.
Веј Ќијанг Лин, како што се наведува, криумчарел околу 850 примероци од заштитени видови желки, кои се познати како автохтони на американска почва и се сметаат за исклучително вредни. Тој ги пакувал желките во чорапи и ги ставал во кутии со лажни ознаки дека се „пластични играчки во облик на животни“.
Криумчарењето се одвивало во периодот од август 2023 до ноември 2024 година, а Лин бил уапсен при гранична контрола.
Според проценките на властите во САД, вкупната пазарна вредност на криумчарените желки изнесува околу 1,4 милиони американски долари. Во Кина, ваквите видови желки се сметаат за статусен симбол.
Покрај желките, Лин пренел и пакети со други рептили, меѓу кои имало и отровни змии.
Изрекувањето на казната е закажано за декември годинава, а доколку биде осуден, може да се соочи со затворска казна до пет години.






![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)