Во текот на ноќта на 28/29 октомври 2025 година, скопската полиција спроведе координирана акција на неколку локации во градот, при што се лишени од слобода три лица – Б.У. (43), Ф.М. (46) и Х.И. (19), сите од Скопје.
Според информациите од МВР, кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Полицијата засега не открива детали за количината и намената на дрогата, но потврдува дека предметите се испратени на вештачење.
По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Акцијата, како што дознаваме, е дел од засилените контроли во борбата против уличната продажба на дрога во главниот град.
![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)






