Историскиот самит на Путин и Трамп на Алјаска – нов почеток во односите Русија-САД?
Светот со нетрпение го очекува предстоечкиот состанок помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот претседател Доналд Трамп, за кој Москва изразува надеж дека ќе означи ново поглавје во односите меѓу двете земји.
Русија очекува дека разговорите на високо ниво ќе дадат значителен поттик за нормализација на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Трамп претходно најави дека средбата ќе се одржи во петок, на 15 август, на Алјаска.
Во меѓувреме, рускиот претседател во средата го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф. По средбата, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека двете страни постигнале договор за одржување на самитот меѓу Путин и Трамп.







