Европа и Украина стравуваат од неповолни мировни услови пред самитот Трамп–Путин
Европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок, загрижени дека Вашингтон би можел да наметне мировни услови неповолни за Киев.
Трамп изјави дека и Киев и Москва ќе мора да направат територијални отстапки за крај на војната, додавајќи дека на средбата ќе утврди дали Путин е подготвен за договор. Тој планира по разговорите со Путин да се сретне и со европските лидери, а на идниот состанок можеби ќе учествува и Зеленски.
ЕУ-шефицата за надворешна политика, Каја Калас, нагласи дека е неопходно трансатлантско единство, поддршка за Украина и притисок врз Русија, најавувајќи 19-ти пакет санкции. Таа предупреди дека без целосно и безусловно примирје не треба да има отстапки кон Москва.
Британскиот премиер Кир Стармер и канадскиот премиер Марк Карни се согласија дека мирот мора да се гради со Украина, а не да ѝ се наметнува. Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, порача дека трајниот мир бара безусловно примирје како предуслов за суштински преговори.






![[ВИДЕО] Драма во Франција: Се урна хеликоптер за гаснење пожари](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/08/screenshot-2025-08-25-114803.png)