Секој граѓанин на Северна Македонија, што ќе докаже со фотокопија од формуларот на престојниот попис дека се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарски пасош по скратена постапка.
Културниот центар „Иван Михаилов “во Битола упати во писмо до претседателот Румен Радев, оремиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.
https://www.facebook.com/424506668090970/posts/877322542809378/
,,Во последните години имало над 100.000 македонски Бугари кои добиле бугарско државјанство. Повеќе десетици илјади поднеле барање за такво нешто, а пред конзулатот во Битола се чека во редици.
И покрај масовната негативна кампања против овие луѓе во Северна Македонија, тие не се помалку патриоти во нивната земја. Тие ја сакаат Македонија дури и повеќе од многу други. Тие не се „Фашисти“, „Татари“ или некое малцинство туку голема заедница на Македонци, кои имаат бугарската самосвест “, се вели во писмото.







