Многумина сакаат да прават пржени лепчиња, што е сосем нормално кога се вкусни и корисни.
Доколку ви останал стар леб а во фрижидерот имате јајца, пола работа ви е завршена. Меѓутоа, доколку сакате да го подобрите вкусот на пржените лепчиња доволно е само да воведете една единствена промена.
Во една чинија добро изматете неколку јајца, бројот зависи од кришките леб кои сакате да ги подготвите. Важно е јајцата да ги матите со жица или вилушка. Состојката која ќе ја додадете во јајцата, покрај малку сол е КИМ.

Освен што ќе уживате во вкусот, кимот има и одлично дејство на здравјето, а помеѓу останатото го забрзува и метаболизмот.
Можете да пробате и со диетален црн леб се одлична комбинација со кимот. Се додава и малку јогурт во смесата со јајцата и имате совршени лепчиња за појадок.







