Од почетокот на војната против милитантната група Хамас, израелските одбранбени сили (ИДФ) убиле 61.430 Палестинци, соопшти денес палестинското Министерство за здравство во окупираната енклава, пренесе „Ал Џезира“.
Во последните 24 часа, телата на 61 загинат, меѓу кои и две лица од претходни напади, биле пренесени во болниците низ Појасот Газа. Според истите податоци, најмалку 35 лица биле убиени во обид да стигнат до хуманитарна помош, а уште 363 се ранети, од кои 304 токму во такви обиди.
Вкупниот број на ранети од почетокот на конфликтот, според евиденцијата на палестинското министерство, изнесува 153.213 лица.






