На ден 10 август 2025 година до 13:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, четири пожари се активни, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активните пожари се лоцирани во општините Македонски Брод (национален парк Јасен – мешана шума), Куманово (село Рамановце – стрниште), Крушево (во атарот на село Бучин – депонија) и Сарај (помеѓу селата Копаница и Рашче – стрниште).
Пожарите што се изгаснати се во општините Струга, Гостивар, Гевгелија и Свети Николе, каде што гореле стрништа, ниска вегетација и депонии.
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат внимателни и да го почитуваат забранетиот режим за палежи, со цел превенирање на нови пожари.







