Денеска во Битола, пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола, се одржа свечено одбележување на 80-годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада. Свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, претставници на здруженија на граѓани, политички партии и други гости.

Настанот беше организиран од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.








