Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека денеска од авион биле фрлени вкупно 106 пакети со хуманитарна помош за Појасот Газа, испратени од Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Германија, Холандија, а за прв пат и од Грција и Италија.
Секој пакет содржи околу еден тон храна, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Од 26 јули, откако Израел ја промени политиката со цел да овозможи поголем проток на помош кон Газа, од авион биле доставени повеќе од 1.000 пакети од десет земји.
Пакетите што ги фрлиле IDF ги доставиле меѓународни хуманитарни организации.
Израел под притисок од меѓународната заедница ја ревидираше својата политика поради растечката хуманитарна криза и гладувањето во Газа, но воздушната достава е само мал дел од вкупната помош која може да влезе во појасот преку копнените премини, наведува „Тајмс оф Израел“.







