Јапонски воен авион се урна за време на вежба, пилотот спасен
Воен ловец од типот F2 на јапонските Воздухопловни сили се урна денеска кај брегот на префектурата Ибараки, на источниот дел од Јапонија, за време на рутинска вежба, јави јавниот сервис NHK.
Според извештаите, пилотот кој бил сам во леталото успеал навреме да се катапултира. Тој е спасен и префрлен во болница, каде што е хоспитализиран. Неговата состојба е стабилна и не е во животна опасност.
Причините за несреќата засега не се познати, а јапонското Министерство за одбрана најави дека ќе спроведе детална истрага.







