На 3 август 2025 година, во 00:10 часот по полноќ, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го привеле С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, на спортскиот стадион во Охрид.
При извршен преглед, кај лицето била пронајдена и одземена опојна дрога марихуана. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.






