Големи гужви и долги колони на граничниот премин Богородица утрово предизвикаа застои од дури 3,5 часа за излез од Македонија кон Грција. Главниот летен премин кон Евзони е преполн со возила, а колоните се протегаат на неколку километри.
И покрај тоа што грчката полиција за време на викендите го ограничува движењето на тешките камиони, сообраќајниот метеж не е намален. Според информациите, додека за влез во Грција се чека со часови, влезот назад во Македонија се одвива побрзо – околу 10 минути.
Надлежните апелираат до граѓаните кои патуваат во Грција да ја проверат состојбата на патиштата и граничните премини пред да тргнат на пат, особено во екот на туристичката сезона.






