Според утринските податоци на Центарот за управување со кризи, на територијата на државата биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои во моментов активен останува само еден – кај селото Стровија, на местото викано Гајдарец-Клепало, во општина Долнени. Таму гори нискостеблеста шума, а екипите се на терен и работат на негово локализирање.
Од останатите пожари, седум се целосно изгаснати, а еден – на планината Готен од беровска страна – е ставен под контрола. На оваа локација горела борова и букова шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.






