Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека се блокирани неколку веб-страници кои рекламирале и нуделе услуги поврзани со проституција. По идентификацијата на овие страници, Управата на полицијата поднела официјални иницијативи за блокирање на нивните IP и DNS адреси до надлежните институции и интернет провајдерите.
Оваа мерка, како што се наведува, претставува дел од исполнувањето на обврските од Поглавје 24 од преговарачкиот процес со Европската Унија, кое се однесува на владеењето на правото, борбата против трговијата со луѓе и заштитата на жртвите од сите форми на експлоатација.






