Седмиот член доаѓа од невладиниот сектор, тоа е Дохан Сулејманоски, за кого денеска на брифингот со новинарите Сиљановска-Давкова кажа дека иако имал најдобро интервју и најубави резултати, не беше избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Комисијата за помилувања прва седница ќе има утре, кога ќе ги согледа проблемите во пропишаните законски процедури за нејзината работа. Токму поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата, смета Сиљановска-Давкова, неправедно настрада минатиот состав на Комисијата за помилување, која се поднесе морална оставка.
Оваа Комисија на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добие осудено лице со правосилни пресуди.
Претходниот состав на Комисијата си поденесе оставка откако во рамки на помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври, без да знае дека се води предистрага и за потешки кривични дела го ослободи А. Р., член на наркокартелот „Барон“ за полесно кривично дело за кое бил во полуотворено одделение во „Идризово“. Освен тоа, ова помилувано лице сторило и обид за убиство, па на излегување од „Идризово“ како слободен човек кого го помилувала претседателката за празник, беше уапсен и сега се наоѓа во притвор.
Ова „невнимание“ наиде на жестоки реакции во јавноста, по што претходната Комисија за помилување си поднесе оставка. За Нова година, ќе има нови помилувања од новата комисија предводена од Ристова.
Извор: СДК.мк






