Турција планира да купи 40 борбени авиони „Еурофајтер Тајфун“ во зделка вредна околу 5,6 милијарди евра, но потребно е одобрение од сите четири земји учеснички во програмата: Германија, Обединетото Кралство, Италија и Шпанија.
Според порталот „Туркије Тудеј“, Германија веќе ја отстранува една од главните пречки за склучување на договорот, со што се отвора патот за финализирање на продажбата.
Синоќа, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган разговараше телефонски со новиот британски премиер Кир Стармер за ова прашање, објави националната телевизија ТРТ Хабер. Се очекува разговорите меѓу Анкара и останатите партнери од програмата да продолжат интензивно во следниот период.







