На 21 и 22 јули 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје привеле пет лица на различни локации во главниот град поради сомнение за недозволено поседување на наркотични средства.
Лишени од слобода се: В.Ѓ. (30), Б.З. (28), Б.Л. (48), С.С. (44) – сите од Скопје, и Л.В. од Косово.
При претреси и контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава грутчеста материја, прашкаста материја, како и дигитална вага и дробилка, кои обично се користат за подготовка и дистрибуција на дрога.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)






